Актуелниот прв светски рекет Роже Федерер го совлада американскиот тенисер Денис Кудла со 2:0 во сетови (7:6/1, 7:5) и се пласираше во финалето на турнирот од серијата 500 во Хале.
Иако Федерер не играше во најдобрата форма успеа ја продолжи доминацијата во Хале, стигнувајќи до 12-то финале во кариерата на овој турнир.
Кудла се покажа како незгоден противник и целиот натпревар беше неизвесен, а на крајот смиреноста и искуството на швајцарскиот тенисер беа одлучувачки за победата.
Федерер во финалето за неговиот десетти трофеј во Хале ќе се соочи со подобриот од дуелот Чориќ – Баутиста Агут.