По неколку часовниот пад социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм повторно се достапни за корисниците, но само делумно.
Падот на социјалните мрежи ја опфатил цела Европа, но и САД, соопшуваат корисниците на алтернативните мрежи.
Кај нас во Македнија тоа се случи околу 19 часот, а во соседна Бугарија, мрежите паднале некаде околу 20 часот и 30 минути по бугарско, односно 19,30 часот по македонско време.
Проблемот се актуелизираше во неможност да се поставуваат статуси, снимки и да се коментира. Преку месинџер можеше да се комуницира, но не и да се испраќаат фотографии.
Од ФБ за АП изјавиле дека работат на отстранување на проблемот. Оттаму, не соопштиле кои се причините за падот на мрежите.