Фејсбук им овозможил на некои компании меѓу кои и Netflix и Airbnb, привилегиран пристап до податоци на корисници, покажуваат документи кои денеска ги објави пратеник во британскиот Парламент.

Апликациите за пронаоѓање партнер, Badoo и за услуги за превоз, Lyft, исто така биле на листата на компании кои имале таква привилегија, според податоци што ги објави Дамијан Колинс.

Документите ги добил од програмерската фирма за развој на апликации Six4Tree кои водат судска битка со Фејсбук.

Според податоците, на некои компании пристапот им бил одбиен, како на пример на Ticketmaster, Vine во сопственост на Твитер и апликацијата Airbiquity.