Предводени од Крис Пол и Девин Букер, екипата на Феникс санс стигнаа до четвртата победа и ја затворија серијата со Лос Анџелес клиперс во одлучувачката пресметка во Западната конференција. Со победа од 130:103 остварена рано утрово, клубот од Аризона стана првиот финалист во најсилната кошаркарска лига на светот.
За Санс, ова е прво НБА-финале од 1993 година. Тогаш, тимот предводен од Чарлс Баркли загуби со 2:4 од Чикаго булс на Мајкл Џордан.
Во големото финале Феникс ќе се соочи со победникот од Источното финале каде играат Милвоки и Атланта (2-2 во победи е моменталниот резултат).
Оваа сезона, „Санс“ учествуваат во плејофот за прв пат од 2010 година. Клубот никогаш не станал шампион во историјата на НБА.