Ферари презеде рестриктивни мерки поради ширењето на коронавирусот, меѓу нив и затворање на музејот во Маранело.
Италија најпогодена европска држава од епидемијата: регистрирани се 229 случаи на зарази, починаа најмалку шест лица. Регионите во Ломбардија и Венето се водечки во ширењето на вирусот, но девет случаи на инфекција се забележани и во Емилија-Ромања, каде се наоѓа базата Ферари.
Според упатствата на локалните власти, Ферари ги затвори музеите во Маранело и Модена, ограничен е пристапот до базата за вработените – жители на заразените региони. Тимот ги откажа и сите службени патувања освен најпотребните. Музејот во Маранело ќе биде затворен најмалку до 1 март.
Понатамошни мерки за безбедност може да вклучуваат оддалечена работа на дел од инженерскиот тим за време на викендот за трки.
Поради епидемијата на вирусот, кинеското Гран-при беше одложено на неодредено време. Трката требаше да се одржи на 19 април.