Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш беше самокритичен по вчерашниот пораз од градскиот ривал и англиски шампион Манчестер сити.
Јунајтед загуби на свој терен со 2:0 во 11. коло од Премиер лигата.
– Треба да зборуваме помалку и да правиме повеќе. Мора да се промениме затоа што нешто што се случило ни се повторува многу пати. Не направивме доволно. Ако сакаме да бидеме на исто ниво со Манчестер сити, треба да направиме повеќе. Сити покажа дека сме далеку од нивното ниво. Секој од нас треба да се погледне себеси. Треба да се погледнеме во огледало и да разбереме што правиме погрешно, изјави Фернандеш.
Манчестер јунајтед е петти во Премиер лигата со 17 бодови од 11 натпревари.