Пилотот на Формула 1 тимот, Ред Бул, Макс Ферстапен, за кого се шпекулира дека ќе го наследи Британецот Луис Хамилтон во Мерцедес, постојано во своите изјави го провоцира актуелниот светски првак.
Младиот холандски пилот е познат по агресивниот стил на возење, а тој има и објаснување зошто тоа е така.
„Не мислам дека возам поразлично од претходните години, но можеби и има разлика, сега сум поискусен. Ако имавме болид како тој на Хамилтон, и јас немаше да бидам толку агресивен. Вака, приморан сум да возам така за да бидам конкурентен, инаку тешко е да се тркате со таков моќен болид каков што има Мерцедес“ – коментира 22-годишниот Ферстапен.