Потпретседателот на Владата за политики за добро владеење, Арбен Фетаи добил смртни закани по електронска пошта. Пораката е испратена од анонимен емаил и, како што се наведува во соопштението од неговиот Кабинет, е поттикната од залагањето на Фетаи за замена на формулацијата во Уставот „јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните со албански јазик.“

Фетаи лично го информирал министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за случајот, со барање за негово што поскоро расветлување, но и зголемување на безбедносните мерки. Фетаи смета дека екстремистите треба да добијат соодветен одговор согласно законите.

„Албанскиот јазик не загрозува никого, туку е богатсво и средство за комуникацџија и соработка. Остануваме посветени на европскиот пат“, вели Фетаи.