Уставните судии Албанци ќе ја бојкотираат седницата на Судот на која ќе одлучува за Законот за употребата на јазиците, потврди вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаим попладнево од Брисел. Тој на конференција „Пријателите на Европа“ најави проблеми во одлучувањето по Законот иако рече дека неизвесно е што ќе се случува по одлуката на Уставниот суд.
Вицепремирот за добро владеење коментирајки ги состојбите во судството, рече дека Уставниот суд не е имун на се она што се случува во судскиот систем во Македонија.
Седницата на Судот и официјално е закажана за идната среда на 11 декември. Вакво сценарио со бојкот на судиите Албанци беше најавено уште пред неколку недели.
Предметот за Законот за јазиците е оформен од 13 инцијативи од различни граѓани, партии и здруженија во 2019 година, но стана активен есенва, по забелешките на Венецијанската комисија.