Еден-два победа за Ферари на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена попладнево за Големата награда на Сингапур. Првото место го освои Себастијан Фетел, додека неговиот клупски колега Шарл Леклер го освои второто место со што ја потврди денешната доминација на „црвените“ болиди.
Ова е прва еден-два победа за Ферари по пауза од две години и трета последователна по повеќе од една деценија. Веднаш по болидите на Ферари, целта ја мина Макс Верстапен од Ред Бул. Без подиум остана Мерцедес, бидејќи Луис Хамилтон заврши на 4. место, додека Валтери Ботас беше на 5. позиција.
Куриозитет на трката беше најбрзиот круг што го извози последнопласираниот Кевин Магнусен, но поради правилото дополнителен бод да не се доделува на возачи под десеттата позиција, ова е прва трка оваа сезона каде што нема да биде награден возачот со најбрз круг.
По 15 трки оваа сезона во поредокот кај возачите лидер е Хамилтон со 296 бода, пред Ботас со 231, Леклер и Верстапен имаат по 200, Фетел е петти со 194,…
Кај конструкторите Мерцедес е лидер со 527 бода, Ферари е втор со 394, Ред Бул е трет со 289 бода.
Следната трка од Ф1 шампионатот ќе се вози по седум дена во Сочи, Русија.