Себастијан Фетел досега има успешна кариера во Ф1 со своите четири светски титули.
Сепак, тој е свесен дека во родната Германија ќе остане засекогаш број два по големиот Михаел Шумахер.
– Јас сум и ќе останам број два во Германија во Ф1, но тоа не е проблем за мене. Моите шанси за приближување се намалуваат сè повеќе, особено со тоа што младите пилоти сега можат да го докажат својот талент, а Хамилтон сè уште доминира. Мислам дека трките на Михаел беа уникатни и се уште се. Тој беше човекот што направи пробив во Формула 1 и моторните спортови во Германија. Секој што доаѓа по него, се реди зад неговиот грб. Тоа е очигледно, изјави пилотот на Ферари.