Фудбалската репрезентацијата на Македонија ќе ја памети 2020 година откако за првпат сениорите се изборија за пласман на Европско првенство.

Натпреварот во Тблиси против Грузија ќе остане вечно запишан во аналите на македонскиот фудбал. Посебен шмек на таа победа даде фантастичниот завршен коментар на коментаторот Тони Стојановски кој во тие моменти допре до срцата на секој навивач на Македонија.

Стојановски беше примен од првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини кој му ја покажа плакетата на ѕидовите на ФФМ на која ќе бидат испишани неговите зборови.