Фудбалските клубови ширум светот реализирале рекордни 24.558 трансфери во машкиот фудбал во 2025 година, со вкупна потрошувачка од 13,08 милијарди долари, соопшти денеска ФИФА во својот извештај за глобални трансфери.

Тоа е зголемување од седум проценти во однос на 2024 година и означува најголем број меѓународни трансфери во историјата на машкиот клупски фудбал.

ФИФА соопшти дека во 2025 година се направени рекордни 86.158 меѓународни трансфери на играчи на сите нивоа – машки и женски професионален фудбал, како и во сферата на аматерскиот фудбал.

Меѓу најскапите трансфери лани беше трансферот на германскиот играч од средниот ред Флоријан Вирц од Баер Леверкузен во англискиот шампион Ливерпул, во вредност од 100 милиони фунти, со потенцијални бонуси до 16 милиони фунти.

Меѓу петте најголеми меѓународни трансфери беа Хуго Екитике (од Ајнтрахт во Ливерпул), Џон Дуран (од Астон Вила во Ал-Наср), Бенџамин Шешко (од Лајпциг во Манчестер Јунајтед) и Ник Волтемаде (од Штутгарт во Њукасл).

Женскиот фудбал доживеа уште една година на значителен раст, со 2.440 меѓународни трансфери реализирани во 2025, што е зголемување од повеќе од шест проценти во споредба со претходната година. Вкупните трошоци за трансфери достигнаа рекордни 28,6 милиони долари.