И покрај големата политичка пропаганда, според анкетата која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, 64,1 отсто од граѓаните не ги скенираат фискалните сметки, а апликацијата за поврат на ДДВ ја користат само 35,2 отсто од анкетираните граѓани.

Причина за тоа е веројатно малата сума која граѓаните ја очекуваат како поврат.

Според анкетата, најголемиот дел од анкетираните граѓани очекуваат прилив од околу 500 денари месечно. Вкупно некаде околу 14 отсто од анкетираните очекуваат прилив меѓу 300 и 600 денари месечно. Еден процент очекуваат околу 1.000 денари секој месец, додека 0,2 отсто очекуваат дури 3.000 денари месечно.

Анкетата на Институтот за политички истражувања е спроведена телефонски во периодот од 25 до 29 октомври годинава врз репрезентативен примерок од 1.101 испитаник.