Францускиот премиер Едуард Филип изрази надеж денеска дека ќе постигне компромисно решение со синдикатите за пензиската реформа, што доведе до протести и штрајк низ целата земја повеќе од еден месец.
– Отворено ќе разговараме за многу теми, рече Филип пред да ја започне својата средба со синдикатите. Премиерот го пофали предлогот на синдикатот ЦФДТ за „конференција за финансирање“ на пензискиот систем наместо сегашниот предлог закон за нов универзален систем за пензиски исплати.
Во Франција, денеска е 34-ти ден од железничкиот штрајк што парализира дел од земјата како и самиот Париз.