Премиерот Едуард Филип изјави дека кризата со коронавирусот сега е глобална и дека во Франција првите 15 дена од април „ќе бидат уште потешки од 15-те дена што штотуку сме ги живееле“, јави дописникот на МИА од Париз.
Филип го поздрави „колективниот напор“, најпрво оној на медицинскиот персонал, за кој рече дека е „восхитувачки, храбар и посветен“, но и „извонредниот напор на оние кои во втор ред обезбедуваат континуитет во животот на нацијата“.