Македонскиот репрезентативец Филип Талески од ова лето ќе има нов, голем предизвик во кариерата.
Тој е промовиран како нов ракометар на португалската Бенфика, екипа што го освои трофејот во Лигата на Европа пред две сезони.
Македонскиот лев бек потпиша договор со тимот кој во новата сезона ќе биде предводен од шпанскиот стручњак Хота Гонзалес.
Тој е третиот Македонец што ќе заигра за Бенфика, откако претходно таму беа голманите Никола Митревски и Борко Ристовски.
Талески последните три сезони ги мина во Вардар, претходно играше за Металург, како и за германските Рајн Некар Левен и Балинген.