Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче.
Ова, додаде тој, значи дека процентот на заболени лица кои се ревакцинирани е многу мал односно изнесува 0,02 проценти што е уште еден доказ за тоа колку е корисна вакцината.
Според Филипче, денеска ќе биде надмината бројката од 500.000 вакцинирани со најмалку една доза, од кои над 330.000 се ревакцинирани.
-Очекуваме до крајот на август сите 500.000 да бидат ревакцинирани, рече Филипче.
Тој апелира до сите граѓани дека вакцината е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата.
Како што кажа, засега не се планирани нови рестриктивни мерки.