Два нови случаја со мали сипаници денеска се лабораториски потврдени, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

– Станува збор за 18-месечно дете од општина Чаир и за четиригодишно дете од општина Аеродром кои биле невакцинирани. Тие се пренесени на Клиниката за инфективни болести во Скопје, рече на денешната прес-конференција Филипче, кој додаде дека со овие два случаи вкупниот број на заболени со морбили изнесува 19 пацинети.

Од заболените, 11 биле пренесени на Клиниката за инфективни болести, од кои четири се пуштени на домашно лекување. Потенцира дека за едно лице на возраст од 30 години кое е вакцинирано со една доза вакцина и за уште едно лице на возраст од 28 години кое има непознат вакцинален сататус се чека потврда од крвните анализи.

-Досега се вакцинирани 1.300 деца, рече Филипче и упати апел до родителите да ги вакцинираат децата за да се спречи епидемијата на морбили.