Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатура на градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на првите 19 кандидати за градоначалници.
Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот Филипче:
„Дозволете да информирам за донесената одлука на Извршниот одбор да се даде согласност за кандидатура за градоначалници на неколку општини од страна на СДСМ. Имено, во тие општини завршија внатрепартиските постапки, роковите се завршени во однос на кандидирањето.
Во тие општини завршија внатрепартиските постапки, роковите се завршени во однос на кандидирањето и оваа согласност понатаму на крајна одлука ќе ја доставиме до Централниот одбор на партијата тогаш кога ќе комплетираме сите општини. Сега станува збор за 19 општини
Дозволете да ги прочитам кандидатите за градоначалници.
Некои од нив се веќе споменати во јавноста.
За Општина Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.
За Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски.
За Општина Ѓорче Петров – претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.
За Општина Чучер Сандево, актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ.
За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската организација Илија Рунтевски.
За Општина Крива Паланка, актуелниот градоначалник Сашо Митовски.
За Општина Лозово, Ацо Велковски.
За Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.
Општина Богданци, Блаже Шопов.
Општина Дојран, Ристо Џинев.
Општина Могила – Зоран Ристевски.
Општина Неготино, Петар Мантев.
Општина Новаци, Љубе Кузманоски.
Општина Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник.
Општина Вевчани, претседателот на општинската организација Стефан Радиноски.
Во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски.
Во Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски.
Во Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов.
И претседателот на општинската организација во Општина Гази Баба, Влатко Митовски.
Овие кандидати се избрани врз основа на принципите коишто ги наведовме дека ќе важат за кандидирањето на овие луѓе. Избрани се со прилично широк консензус во општинските организации, луѓе кои што имаат и кредибилитет и легитимитет да ја побараат довербата, некои за првпат, некои повторно од граѓаните.
Актуелните градоначалници коишто навистина направија вистинска промена во општините: во Центар, во Крушево, во Крива Паланка – општини и градови коишто станаа целосно нови во времето на нивните мандати, и сметам дека се луѓе кои што можат да излезат пред граѓаните и може слободно да кажеме дека сè што ќе ветат ќе биде исполнето согласно нашата програмска заложба, која што ќе биде градена врз основа на вредносните принципи“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.