По кавгата на директорите на Гинекологија и размените најави за кривични пријави, реакција од првиот човек на здравството. Филипче го разреши од функцијата економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља, откако тој достави документација до Јавното обвинителство, за според него криминалното работење на медицинската директорка Викторија Јовановска.
Според Беља, Јовановска фаворизирала компании кои вршат лабораториски тестови.
Директорката на Клиниката Јовановска, пак со поинаква приказна. Тврди дека станувало збор за легална процедура, а потегот на Беља следел по нејзината одлука да не даде „амин“ за вработување на кадри по негова желба.
Ваквото однесување на директорите на Гинекологија наиде на осуда од страна на првиот човек на здравството. Филипче ги искара директорите оти со ваквото дејствување ја нарушувале довербата и угледот на здравтсвениот систем.