„Со прележан ковид не може да се стекне доволен имунитет. Не е доволно да се прележе и да сте вакцинирани само со една доза. Мора со две дози на вакцини“, кажа Филипче на денешното обраќање.

Министерот за здравство уште еднаш апелираше на масовна вакцинација, и само така ќе може да се спречи ширењето на коронавирусот и спречување на тешка клиничка слика во овој нов бран.

„Вакцината е единствен инструмент дека ние можеме да ја смениме сликата. Евидентно е дека болеста побрзо се шири кај невакцинираните. И не сакаме да воведуваме порестриктивни мерки. Во есенските месеци очекуваме ризик факторите да се зголемат, затоа што повеќе луѓе ќе се вратат на работа“, кажа Филипче и додаде дека има доволно дози на вакцини за имунизација:

„Има сосема доволно количини на вакцини, 400 илјади, од кои 200 илјади се на Синовак, 50 илјади астра зенека, и 70 илјади Фајзер. Граѓаните да се вакцинираат, да живееме нормално, а тоа може доколку сме максимално имунизирани, и тоа е единствениот начин да се стекне колективен имунитет. Не може имунитет да се стекне со прележан ковид, и не е доволно да сте вакцинирани после прележување само со една доза. Нема доказ дека создава голема количина на имунитет. Единствен начин да се стекне колкетивен имунитет, треба во уште поголем процент да се вакцинираме, и тоа со две дози.“, изјави денеска министерот за здравство.

Наспроти ова, во претходниот период д-р Пановски изјавуваше дека за прележаните е доволна само една доза од вакцината, но во секој случај тие треба последни да бидат вакцинирани, а со слично тврдење пренесено од медиумите настапи и д-р Даниловски.

Денешното тврдење на Филипче е своевидна фрлена ракавица кон двајцата.