Резолуцијата со македонските црвени линии која ја подготвува опозициската СДСМ ќе содржи и конкретен тајминг кога да се случат уставните измени. Ова го најави партискиот лидер Венко Филипче во интервју за Слободен печат во кое тој потенцира дека пораките од европските челници се јасни а тоа е исполнување на преземените обврски. Според него земјава тапка во место на евроинтегративниот пат и смета дека нема полошо од тоа да не се случува ништо на тој план. Нацрт резолуцијата со црвените линии како што најави во текот на следната недела ќе ја презентираат во јавноста.

„Што ќе направи било која влада доколку за време на преговорите се соочиме со некое непринципиелно барање од Бугарија на билатерална основа, а во контекст на идентитетските одредници и затоа сега овие денови работиме на предлозите со наши и странски експерти. Тоа ќе биде работна верзија која ќе ја презнетираме и на јавноста, медумите и сите политички чинители со цел сите да дадат свој импут. Во тој наш предлог освен тоа што ќе предложиме што би направиле доколку се соочиме со таков проблем од Бугарија, ќе предложиме и времска рамка кога да се направи првиот чекор, односно почеток на процедурата за уставни измени. Доколку почне тој процес и доколку се направат уставните измени во следните два или три месеци, веќе во јануари ќе се отвори првото поглавје од преговорите“