Во рамки на денешната изјава за скрининг тестирањето на учениците, Филипче во однос на постковид пациентите, појасни дека има пациенти кои доаѓаат со различни симптоми што се манифестираат со срцеви или белодробни манифестации.
-Клиниката за пулмологија е таа што е референтна да ги прима, анализира, соодветно третира доколку треба постковид пациентите. Нема некој значаен наплив на пациенти, нема притисок кон Клиниката за пулмологија. Меѓутоа, има пациенти кои се јавуваат за преглед, додаде Филипче.
Од изјавата може да се заклучи дека се во ред, со оглед на тоа што нема притисок врз Клиниката за пулмологија. Ова е класичен пример како Филипче манипулира, бидејќи притисок врз Клиниката нема од едноставна причина – нема термини. Како и за Клиниката кардиологија. Можете евентуално да добиете приоритетен упат како итен случај, но многумина граѓани се откажуваат, бидејќи гоа значи чекање во преполни амбуланти, па луѓето се плашат дека попрво ќе се заразат по вгтор пат отколку што би била ползата од прегледот.
Но, тие што се пост ковид пациенти, можеби и можат да стигнат до Клиниката.Тие што не се, а имаат потреба од таа Клиника, немаат шанси
Срамна манипулација на Филипче.