Соопштение за јавност

„Ова не е време за апатија и повлекување. Ова е време кога мораме да донесеме одлука. Дали да останеме пасивни и да гледаме како она што со децении сме го граделе сега се распаѓа, или да застанеме заедно и да го заштитиме она што ни е најважно – иднината на нашите семејства, достоинството на нашата држава и гласот на секој еден граѓанин“, порача Претседателот на
СДСМ, д-р Венко Филипче, од граѓанската трибина во Делчево.

Филипче нагласи дека затоа е потребно обединување и силен СДСМ.

„Силен СДСМ е единствената надеж дека Македонија ќе биде правична, човечна и демократска држава со јасна перспектива. Затоа да извлечеме поука од минатото и да се здружиме околу борбата за вредности, за нашите идеали, да ја исправиме партијата на нозе за да им служи на граѓаните. Се бориме за чесност, за отчет и за работа што се гледа,“ истакна Филипче.

Тој посочи дека формула за успех се кандидатите на СДСМ кои работат чесно, вредно и одговорорно:

„Формулата за успех е силна партиска инфраструктура, односно луѓе како вас кои работат вредно, чесно и одговорно 365 дена во годината за да ги афирмираат нашите политики во средината каде што живееме. Тоа е клучот за изборна победа“, рече Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче и од Делчево упати повик до граѓаните на 19-ти октомври гласаат за бројот 5.