Од утре почнуваат да функционираат вкупно 14 пунктови за земање материјали и брисеви за тестирање за коронавирус на територијата на целата држава. Во Скопје пунктовите ќе бидат сместени во поликлиниките „Чаир“ и „Јане Сандански“, а во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени информациите за сите центри ширум државата.
-Ќе се тестираат граѓани по епидемиолошки индикации и со закажување по претходна најава кај матичниот лекар кој ќе треба да пополни алторитам што ќе укаже на тоа дали граѓанинот треба да биде тестиран или не. По вчерашниот координативен состанок со Здружението на матичните лекари тие целосно се вклучија во поддршка на овој систем на идентификација на рано откривање, зголемување на пристапот на пациентите односно граѓаните прво до дијагностика, а после и до спроведување и извршување на тестовите, рече Филипче.
Повтори дека Кол-центарот е веќе во функција од викендот и оти тој за време на работните денови ќе работи и со зголемен капацитет на луѓе со цел да се избегне чекањето.
Тој ги повтори податоците кои претходно ги објави Министерството за здравство за бројот на нови случаи. Во изминатите 24 часа регистрирани се 29 нови случаи во нашата земја, Вкупно до 12 часот бројката е 114. По градови во Скопје 65, Дебар 36, Штип 7, Кавадарци и Охрид 2, Гостивар 1 и Куманово 1.
На Клиниката за инфективни болести во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. Седум пациенти се континуирано на третман со кислородна поддршка, самокислородна маска 11 се веќе во стабилна добра здравствена состојба.
-Утре по истекувањето на 14 дена од воспоставување на дијагнозата кај 6 пациенти ќе се земе контролен брис. Од нив пет се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување на состојбата е поставена на респираторна машина, таа е во непроменета состојба во однос на неколкуте претходни денови, речње Филипче.
Министерот информира дека пациентите коишто се на домашно лекување се во континуирана комуникација со лекарите од Инфективната клиника, како и оти од утре ќе биде во целосна функција системот на комуникација со медицинската сестра одговорна токму за оваа работа и по потреба консултација со лекар специјалист во кое било време за проценка на нивната состојба.
Одговарајќи на новинарско прашање Филипче истакна дека има нови пациенти во Штип, кои биле повразни со патување во странство.
-Исконтактирани се сите контакти, нема потреба од паника, иако поред кажувањето на новодијагностицираните тие свесни дека доаѓале од странство биле во самоизолација. Јас тоа лично го проверив со локалните епидемиолози, го потврдија, чекаме уште една потврда во текот на денот, но се работи на нивните контакти во рамките на семејствата. Нема простор за паника, само нека се почитуваат сите мерки, рече Филипче.
Во врска со полициски час, министерот Филипче, појасни дека тој не ваќи за здравствени работници со соодветен терк, припадници на МВР, на Армијата.
-Се разбира на сите други компании коишто мора редовно да ги спроведуваат обврските во интерес на граѓаните, како и производствените капацитети на храна кои имаат и работно време во текот на ноќта донесен е заклучок дека самите компании издаваат пропусници тогаш кога имаат вработени во три или четири смени и согласно тие пропусници тие ќе може да се движат кон нивните работни места, рече Филипче.