„Сега е време за обнова на СДСМ и многу работа, нема време за славење. Следи период на реорганизација и реформи со кои сум сигурен дека СДСМ повторно ќе победува“, изјави вечерва Венко Филипче, новиот лидер на партијата, откако победи на внатрепартиските избори за претседател на социјалдемократите.
„СДСМ докажа дека има демократски капацитет и високо ниво на професионализам. Од се срце се заблагодарувам на довербата. Ветувам дека ќе направам се за вашата доверба да не ја изневерам. Моја цел е да ги вбризгам во СДСМ принципите кои што ме водат во животот а тоа се заедништво, другарство, взаемна почит и отворена комуникација, рече Филипче по прогласувањето на победата.
Тој иста така истакна:
„Многумина сакаа да ја видат СДСМ клекната и поразена. Се надеваа дека партијата нема да опстане и се ситат на изборниот пораз. Ветувам дека ќе го вратиме достоинството на партијата, а на оние кои се надеваат на лоша иднина им порачува длабоко да се разочараат. Ветувам дека ќе бидеме силна опозиција и ќе се бориме со сите сили да ги спречиме лошите политики на власта и ќе бидеме коректив во општеството. СДСМ бил и ќе биде гласот на разумот, секогаш кога граѓанската волја ќе биде погазена или се прават штети на државата“.
Филипче вети дека нема да дели, туку ќе обединува и ќе се спротивстави на оние кои сакаат да ја ослабнат СДСМ за свој личен интерес.