Последна во редот со демант на мерките што како успех ги претставува Мицкоски е министерката за финансии, Димитриеска-Кочоска, според која мерка за ограничување на маржите нема ефект.
„Владата најави и донесе некакви мерки за замрзнување на цените. Меѓутоа, текот на настаните беше следен: Прво, ја најавија мерката, па ја повлекоа. Оставија период од седум до осум денови за согласно најавата продавачите ги прилагодат цените, а некои дури и да ги зголемат и потоа ја имплементираа таа мерка”, појаснува Филипче.
Од ваквиот однос, јасно е дека мерките што ги носи владата, наводно во интерес на граѓаните, немаат никаков ефект бидејќи со нив се опфатени само 70 до 80 производи, вели Филипче и додава:
„Владата на СДСМ донесе мерки во рамки на кои над 500 производи од потрошувачката кошничка беа со замрзнати цени во време на најголемите кризи”.
Филипче во интервјуто најави дека СДСМ во следните недели ќе поднесе предлог-закон за намалување на цените по механизам според кој граѓаните навистина ќе ја почувствуваат разликата и олеснувањето за нивниот буџет. Во овој закон ќе се најдат над 240 производи кои се дел од основната прехранбена кошничка. Покрај овој предлог-закон, Филипче најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе цел сет на закони.
„Ова ќе го направиме бидејќи сметаме дека владата е во една тотална конфузија и безидејност”, потенцира Филипче.