Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска како и тројцата членови на Владата, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се кандидати за функциите потпретседатели на СДСМ, објави 24 инфо.мк.
Кој ќе биде избран ќе биде познато во недела кога социјалдемократите преку Зум ќе одржат дигитален изборен конгрес, на кој ќе се потврди изборот на Зоран Заев за старо-новиот лидер и ќе се избере заменик-претседател и Централен одбор, по што следува избор на нов Извршен одбор, потпретседатели, како и секретари – генерален секретар, организациски секретар и секретар за меѓународна соработка.
Во моментов функцијата потпретседател ја вршат Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Мила Царовска и Коста Петров, а на конгресот најверојатно нивниот број ќе се намали на три