Нема разлика меѓу тестовите за ковид-19 што се прават во приватните здравствени институции, со оние кои се прават во државната лабораторија на Институтот за јавно здравје. Има разлика во типот на тестови, појасни пред малку на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
– Во Институтот за јавно здравје и во еден дел на приватните институции, се прави тест што го детектира присуството на вирусот. Кога ќе се направи тестот, кога ќе се потврди присуството на вирусот, тоа значи дека пациентот е носител и може да зарази и други лица. Другата форма на тест детектираат антителата и антигенот и тој се прави во приватната болница „Систина“. Вториот тип на тест утврдува дали пациентот го прележал вирусот во лесна форма без да знае дека го имал – рече министерот.