Венко ФИЛИПЧЕ
УК за Урологија, за првпат доби најиновативна опрема за хируршки зафати кај пациенти кои се третираат овде. Министерството за здравство, за Клиниката купи CR рентген, лапараскопски стол и ласер Тулиум. Овие апарати се последниот крик во медицината во областа на хирургијата, а веќе составен дел од операционите сали на Клиниката за урологија. Нaјсофистицирани апарати и техологија соединети со експеризата на колегите даваат најдобри резултати. Попладнево го посетив тимот предводен од д-р Сашо Дохчев и им посакав уште многу успешни операции. Нашата грижа за пациентите продолжува. Тие заслужуваат здравствен систем по европски терк и наша цел е во целост да го спроведеме тоа.