За околу две недели во нашата земја ќе пристигне специфично антитело што е наменето специјално за лекување на ковид -19, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој не даде други детали дали се работи за лек, иако на самиот почеток рече дека лек засега за оваа болест нема.

Досега единствен кој објави дека постои нешто што е над 90 отсто ефикасно во лекување на ковид е српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој пред десетина дена, во интервју за државната телевизијата РТС, извади кутија со лекот Бавланивимад, за кој рече дека се користи во третманот на ризични случаи на инфекција со корона вирус – оние со висок крвен притисок, прекумерна тежина…

Вучиќ истакна дека станува збор за исклучително скап американски лек во ампула со ефикасност од 95 отсто во лекување на ковид, а чини 600 долари.

Тој најави дека во Србија ќе дојдат 1.800 вакви ампули.