Филипче посочи дека ова особено се гледа на локално ниво, споменувајќи го примерот на Скопје. „Градоначалничката е кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Со нефункционален јавен превоз, со депонии што не се решаваат и со општински проблеми што се оставаат за следниот мандат, како очекуваат граѓаните да им веруваат?“ прашува министерот.
Според неговите зборови, овие фактори ја објаснуваат бројката од над 100.000 гласови што ВМРО-ДПМНЕ ризикува да ги загуби.