Му благодарам на досегашниот претседател Зоран Заев за честа и довербата која ми ја укажа да бидам потпретседател на СДСМ, пишува Венко Филипче, министер за здравство и партиски потпретседател, во честитката до новиот претседател Димитар Ковачевски.

– Особено ми е драго што имав можност да соработувам со Заев во време кога ги решаваше најважните и најтешките прашања во нашата земја. Тој е лидер од кого многу може да се научи за грижата, посветеноста и љубовта кон татковината. Честитки за изборот на Димитар Ковачевски, му посакувам успешна работа и многу победи за партијата. Верувам дека има знаење и мудрост да се справи со сите предизвици и да го обедини членството, објави Филипче на Фејсбук.

Тој си заминува од министерското место и најави „збогум на политиката“ и враќање на лекарската професија.