Тајфунот Вамко ги опустоши Филипините, настрадаа најмалку 53 лица, а густа кал затрупа многу села во околината на главниот град Манила.
Вамко, кој е трет катастрофален тајфун што оваа година ги погоди Филипините, предизвика големи поплави, поради кои луѓето бегале на покривите од своите куќи.
Поплавени се десетина градови во регионот Кагајан, северно од Манила, а загрозени се повеќе илјади семејства.
Планирана е евакуација на уште 468.000 луѓе, соопшти Штабот за вонредни ситуации на филипинската Влада.