Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер денеска ја погоди провинцијата Давао на југот на Филипините, објави Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Епицентарот се наоѓал на 126 километри југоисточно од градот Хозе Абад Сантос.
Во областа се почувствувани и неколку последователни потреси.