Филипините привремено ја суспендираа одлуката да им се дозволи влез на целосно вакцинирани туристи во обид да се спречи ширењето на новата, силно мутирана варијанта на коронавирусот во државата каде што најголемиот дел од населението останува невакциниран. Тоа се случува кога нацијата од Југоисточна Азија денеска почна тридневна акција за вакцинација насочена кон девет милиони луѓе на возраст од 12 години, во обид да го забрза вакцинирањето.

Досега, земјата нема пријавено ниту еден случај на сојот Омикрон, што првпат беше откриен во Јужна Африка и оттогаш се прошири низ целиот свет. Манила ги објави плановите минатата недела да им дозволи на целосно вакцинираните туристи од повеќето земји да влезат од 1 декември, бидејќи се обидува да ја заживее нарушената економија на нацијата.