Насловната страница на новото издание на филипинскиот Вог стана огромен хит на социјалните мрежи, а некои дури ја прогласија за најдобра насловна страница на сите времиња.

Имено, „Вог“ за април на насловната страница ја стави 106-годишната уметничка за тетоважи Апо Ванг-Од од селото Бускалан на Филипините, а ѝ посветија огромна приказна и разговараа со неа.

„Апо Марија „Ванг-Од“ Огај ја симболизира силата и убавината на филипинскиот дух. Таа е последниот уметник за тетоважи од нејзината генерација и истетовирала симболи на племето Калинга на илјадници луѓе кои отишле на аџилак во Бускалан“, напишаа тие во постот и издвоија еден од нејзините цитати.

„Кога ќе ми дојдат посетители од далечни земји, секогаш со задоволство ќе ги истетовирам со симболите на Бускалан и Калинга. Ќе го правам тоа додека сум жива“, изјави Апо Ванг-Од за Vogue. Апо е најстарата личност која позирала за насловна страница на Вог.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Philippines (@voguephilippines)

Таа е занаетчија која со децении ги пренесува своите вештини на помладите генерации, но луѓето првенствено биле фасцинирани од фотографиите потпишани од Арта Непомучено, како и тоа што Вог одлучил да ја стави на насловната страница.

Над 185.000 луѓе ја лајкнаа насловната фотографија на Инстаграм на филипински Вог, а во коментарите имаше само пофалби. Објавата собра повеќе од 2.800 коментари, а ние ќе издвоиме само неколку.

„Каква убава насловна страница“, „Ова е епска корица на Вог“, „Ова е можеби најубавата насловна страница на Вог досега. Горд сум на вас“, „Прекрасна насловна за изданието за убавина. Покажува како убаво да старееме “, „Ова е веќе легендарна корица“, „Цел живот чекам вакво нешто“, се само дел од коментарите под објавата.