Лидерот на француската партија Патриот, Флоријан Филипо, го критикуваше отворањето на седиштето на „коалицијата на добронамерните“ во Париз.

– Каква лудост! Макрон гордо објавува дека неговата „коалиција на добронамерните“, која треба да испрати војници во Украина за да се соочи со Русија, ќе има свое седиште… во Париз!, напиша Филипо на мрежата Х.

Лидерот на Патриотите праша колку ова ќе ги чини Французите.

– Најдобриот начин да се претвори Франција во мета, но можеби тоа е целта – да се забрза Третата светска војна?!, додаде тој.

Филипо нагласи дека ниту еден француски војник не треба да оди во Украина.

Оваа недела беше објавено дека седиштето на „коалицијата на добронамерните“ е веќе отворено и работи во Париз, јави RT Balkan.

Во соопштението од канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер се нагласува дека седиштето во Париз, кое заеднички ќе го водат Обединетото Кралство и Франција, ќе биде одговорно за тактичките аспекти на операциите на коалицијата и „ќе им овозможи на партнерите флексибилно да распоредуваат сили и воени групи за извршување на различни оперативни задачи“.

По 12 месеци, седиштето ќе биде преместено во Лондон.