Годинешните Филмски и ТВ награди на Ем-ти-ви беа одложени на неопределено време поради пандемијата на новиот коронавирус, соопшти Контактмјузик.
Додека некои церемонии се спроведуваат виртуелно, организаторите од Ем-ти-ви не сакаат да го следат тој пример. Има гласини, сепак, дека доделувањето би можело да се одржи во декември, и така да остане засекогаш.
Настанот требаше да се одржи на 15 јуни во Лос Анџелес, со Закари Ливај како домаќин на свеченоста, а на 17 јуни да се емитува снимка на Ем-ти-ви каналите. Ова ќе биде првпат шоуто да не се одржи, откако постои, од 1992 година.
Видео-музичките награди, од друга страна, сѐ уште не се откажани. Тие би требало да се одржат на 30 август во „Барклејс центарот“ во Њујорк, поточно Бруклин.