Tелевизиски филм со Бенедикт Кaмбербач во улога на мозок на кампањата за напуштање на Велика Британија на ЕУ, ќе биде прикажан в понеделник на малите екрани, само неколку дена пред клучното гласање за брегзит во Парламентот.
„Брегзит: безобѕирна воја“ ќе биде прикажан на Ченел 4 и донесува клучни луѓе на малите керани и стратегии од кампањата пред референдумот во 2016 година со мотото: „Сите знаат кој победи. Но, ретки знаат како“.
Креаторите не можеа да изберат подобар момент за прикажување на таа двочасовна политичка драма. Договорот кој го постигна премиерката Тереза Меј со ЕУ ќе биде на гласање во Парламентот во половината на јануари, што значи дека се работи за идеален момент да се раскаже како се почна, велат креаторите на филмот. Сценарист е Џејмс Грахам.