Филмот „Малмкрог“ на Кристи Пују, ја освои наградата за режија во новосоздадената селекција „Encounters” на Берлинскиот филмски фестивал, каде дел од копродукцијата е и нашата продуцентската куќа Сестри и Брат Митевски и нашата Aгенција за филм.
„Малмкрог“ е копродукција помеѓу Романија, Србија, Швајцарија, Шведска, Босна и Северна Македонија. Главен продуцент е Мандагора од Романија.
Во селекцијата се натпреваруваа 15 филмски остварувања и тричленото жири додели три награди, а една од нив му припадна на Кристи Пују, кој е несомнено еден од најзначајните европски автори.
– Агенцијата за филм и овој пат го препозна исклучителното сценарио и секогаш интересниот визуелен пристап на овој автор и овозможи Македонија да биде дел од овој проект и повторно да се приклучиме на врвните филмски текови. На премиерата во Берлин на 21 Феб присуствуваше и Министерот за култура Хусни Исмаили, се вели во соопштението од продуцентската куќа Сестри и Брат Митевски.
Филмот беше најавуван во официјалното соопштение од Берлиналето како „патување низ времето и мислите, кој фасцинира со прецизност и инвентивност“.