Во финалето на Европското првенство во одбојка, што заеднички го организираа Полска, Чешка, Естонија и Финска, вечерва од 20:30 часот во Катовице ќе играат Словенија и Италија.
Во првото саботно полуфинале, Словенија во драматичен натпревар пред 10.000 гледачи во Катовице ја совлада Полска со 3:1 (17-25, 32-30, 25-16, 37-35) и втор пат едноподруго, а вкупно трет пат во историјата, обезбеди европско финале.
На завршниот турнир во 2019 година Словенија во финалето загуби од Србија, која синоќа во вториот полуфинален дуел претрпе пораз од Италија со 3:1 (29-27, 25-22, 23-25, 25-18).
За италијанските одбојкари ова е 11 финале на Европските првенства, и прво по 2013 година. Италијанците имаат шест европски титули во одбојка, од кои последната во 2005 година.