Американската тенисерка Медисон Кис го освои трофејот на турнирот во Синсинати. Таа синоќа во финалето ја совлада Русинката Светлана Кузњецова со 2-0, по сетови 7:5 и 7:6 за еден час и 45 минути игра.

Кузњецова до финалниот меч за првпат во кариерата во текот на еден турнир победи три претставнички од најдобрите 10: Слоун Стивенс, Каролина Плишкова и Ешли Барти.

Наградниот фонд на турнирот во САД изнесуваше 2,64 милиони долари.