Бројот на пчеларници и на пчелари е зголемен во последните четири години за шестнаесет отсто ширум Европската Унија, објави денеска Европската Комисија во својот последниот извештај за состојбата на пчеларството во ЕУ.
Пчелите и нивното производство се критични за животната средина и биодиверзитетот.
-Пчеларскиот сектор е клучен за земјоделството и за биодиверзитетот генерално. Треба да ги охрабриме пчеларите ширум ЕУ и затоа поддржувам зголемување на ЕУ финансирањето за пчеларските програми во наредните три години, од 120 милиони евра на 180 милиони евра, како дел од предлогот на Комисијата за идниот земјоделски буџет, изјави комесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски.
Во текот на 2018 во ЕУ се произведени 280 илјади тони мед, а Европската Унија е вториот најголем производител на мед во светот. Мед се произведува во сите 28 земји членки на Унијата, информира извештајот.
Целта на Европската Комисија е ЕУ да помогне со ко-финансирање на пчеларскиот сектор и со тоа да се подобрат условите на пчеларите и квалитетот на производите.
Износот на фондови за секоја земја членка зависи од бројот на пчеларници во земјата.
За периодот 2020-2020 придонесот на ЕУ е зголемен од 36 милиони на 40 милиони евра за пчеларскиот сектор.