Премиерот на Финска, Анти Рине поднесе оставка на состанок на неговиот кабинет со претседателот Саули Нинист.
Оставката на Рине доаѓа во време кога еден од неговите коалициони партнери соопшти дека повеќе немаат доверба во него по неодамнешен спор поради пазар на труд во кој е вмешана државната поштенска служба.
Пренесувањето на 700 работници во договори со пониска плата предизвика 17-дневен штрајк, што заврши минатата недела.
Државната министерка за социјални работи, Сирпа Паатеро, од Социјалдемократите поднесе оставка минатата недела, откако се покажа дека таа не спречувала „аутсорсинг“ во државната пошта.
Најспоменуван за наследник на премиерот засега е 34-годишната министерка за транспорт и врски Сана Марин, членка на социјалдемократите, која доколку стане шеф на владата, ќе биде најмладиот премиер на Финска во историјата.