Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР) ќе го одржи завршниот настан „Предизвик за млади истражувачи 3“, на кој ќе бидат прогласени најуспешните проекти.
На настанот е предвидено обраќање на премиерот Оливер Спасовски и на директор на Фонд за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски.
„Предизвик за млади истражувачи“, чија цел е поттикнување на креативното размислување кај децата и поддршка за истражувачки проекти базирани на научен метод, Фондот го организира трета година по ред. До сега преку него се поддржани 54 проекти во кои беа вклучени над 500 ученици и професори.