Вторлигашот Осогово е познат по активноста на социјалните мрежи, откако привлече внимение со „понудата“ за Мурињо, сега има нова, тргнува по Меси со 200 камиони кон Барселона.
Осогово подготвил 200 шлепери со ориз, компензација која и се „нуди“ на Барселона за потписот на Меси. Кочани како град познат по оризот, е „подготовен“ да му каже добредојде на Аргентинецот.
Компензацијата е спремна!
Се товараат и последните 36 шлепери од вкупно 200 со биен ориз кои во текот на денот треба да тргнат за #Барселона!
договорот е за 1 месец.
П.С. Подобро еден месец да Рика Лавот, одколку цел живот мјаууу! #AvantiOsogovo?? pic.twitter.com/hyr9upFSWI— GFK Osogovo (at ?) (@gfkosogovo) August 26, 2020