Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, и честиташе на Борусија Менхенгладбах за синоќешниот триумф од 3:2 со кој на актуелниот европски и германски првак му го нанесе првиот пораз во последните 103 денови во сите натпреварувања.
Баерн добро го отвори натпреварот во
-Ривалот беше поефективен и ги казни нашите грешки. Игравме добро во почетните 30 минути и го диктиравме темпото, но уследија неколку наши грешки во транзицијата од одбрана во напад што домаќините го искористија на најдобар можен начин. Поразите се дел од играта, а за овој пораз самите сме виновни, оцени Флик.
За Баерн ова е втор пораз сезонава во Бундеслигата и прв во сите натпреварувања од 27 септември минатата година кога загуби од Хофенхајм.
„Баварците“ останаа првопласирани во Бундеслигата со 33 бодови од 15 натпревари, но второпласираниот Лајпциг со евентуален триумф попладнево против Борусија Дортмунд може да симне актуелниот шампион од лидерското место.