Повеќе од 1,5 милиони американски затвореници кои отслужиле казна повторно добија право на глас на Флорида благодарение на промени во закон што се однесува посебно на Афроамериканци кои се најбројни во затворскиот систем.
На Флорида требаше да се изјаснат и за амандманот 4 со кој автоматски се враќа правото на глас на лица кои отслужиле затворска казна, а не извршиле сексуално злосторство или убиство.
Текстот го одобрија 64,38 отсто гласачи според официјални извештаи.
Моментно тие луѓе мора да чекаат најмалку пет години откако отслужиле казна за да може потоа да побараат враќање на правото за гласање на избори.
Флорида е американска сојузна држава кааде има најголема популација на возрасни на кои им е одземено правото на гласање поради политика стара 150 години, и која најмногу погодува Афроамериканци и Хиспаноамериканци. Поради тој сега веќе неважечки закон, повеќе од еден Афроамериканец од петмина од нив на Флорда не смееше да гласа.
Гласањето од синоќа значи дека речиси 1,5 милиони луѓе ќе може да бидат во избирачкото тело на Флорида, клучна држава во изборите за претседател во 2020 година ако се впишат во изборните листи.